Инсиње по шокантниот пораз од Шахтјор: Не знам каде згрешивме…

insinje

Калчолигашот Наполи важеше за фаворит на вечерашната пресметка со Шахтор Доњецк во Украина, но тој статус не го оправда и доживеа неочекуван пораз со 2-1.

Тајсон и Фереира донесоа голема предност да домаќините, по што следуваше погодокот на Милик од пенал во 72 минута, меѓутоа до самиот крај немаше промени и трите бода ги освои украинскиот шампион.

-Знаевме дека Шахтјор е добар состав, оти имаат квалитетни играчи во нападот, -рече Лоренцо Инсиње.

-Искрено не знам каде згрешивме, за време на неделава ќе дискутираме со тренерот, да ги видиме грешките и да се корегираме. Можеби прекасно веруваме во кам-бек, ама имавме шанси, но не ги искористивме. Имавме прилики да израмниме, штета, -дополни крилниот напаѓач.

Facebook Коментари