Поврзете се со нас

Свет

Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите

Објавено

на

Лоренцо Инсиње реши да стави крај на својата етапа во Наполи и покрај тоа што беше лидер на проектот и капитен на првиот тим, такашто на 31-на година направи трансфер како слободен агент во МЛС лигата.

Иако имаше повеќе понуди да остане на стариот континент и да се испроба во друга европска лига, Инсиње реши да направи голема промена и да се испроба во Америка, каде стана најскапо платен играч во историјата на МЛС лигата.

Инсиње во Торонто ќе заработува чисти 8,5 милиони долари на годишно ниво, што прави да биде најплатен играч во историјата на најсилната фудбалска лига во Америка, надминувајќи го Џердан Шаќири кој исто така режираше трансфер во МЛС пред извесно време.

– Можев комотно да останам во Европа, имам 31 година и ми преостануваат уште многу години за играње фудбал.

– Не ги избрав парите, ја избрав среќата и благосостојбата на моето семејство. Затоа сум денеска тука, мојот избор се среќата и семејството, – изјави Инсиње.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни