Инс: Погба игра на високо ниво само поради една причина

pogba

Во својата последна изјава, Пол Погба одби да потврди дека дефинитивно останува во Манчестер Јунајтед, а за клупската легенда Пол Инс, добрата игра против Челси не е никаква гаранција дека Французинот ќе настапува во ист стил и по крајот на преодниот рок. Инс смета дека Погба сонува за трансфер во Реал и се обидува да се наметне кај шпанскиот клуб со своите добри игри периодов.

– Неговото срце не е целосно на „Олд Трафорд“ и тоа можеше да се види со играта против Челси. Одвреме навреме не беше доволно концентриран, а причина за тоа може да биде фактот што се уште размислува за заминување во пресрет на крајот на преодниот рок.

– Засега зборува коректно надвор од теренот, но дали е тоа така затоа што се уште има во план да си оди, никој нема да биде целосно убеден дека останува додека не заврши преодниот рок во Шпанија, па и Италија. А и потоа следува многу важен период. Како ќе игра ако не замине во Реал Мадрид, а ако замине тоа ќе биде голем удар за Јунајтед бидејќи клубот нема можност да го замени. Од она што го видов против Челси, екипата нема друг фудбалер кој би ја зазел неговата позиција, неговиот пристап беше добар во неделата, но дали ќе продолжи така и ако не направи трансфер?

– Тој се уште се става себеси во „продажниот излог“ и јасно е дека сака да замине во Реал. Мислам дека поради ова ќе игра максимално квалитетно до крајот на преодниот рок, ќе биде интересно да се види што следува потоа, – потенцира Инс, кој очигледно нема голема доверба во Французинот.

Facebook Коментари