Поврзете се со нас

Англија

Инс и Стам не се согласуваат со Невил: Ако некој на „Олд Трафорд“ мисли…

Објавено

на

Пол Инс и Јап Стам не се согласуваат со поранешниот соиграч Гери Невил кога се во прашање шансите на Манчестер Јунајтед во борбата за титулата во следната сезона во Премиер лигата.

Невил воден од тоа што „црвените ѓаволи“ го направија во оваа 2020 година, добрата серија на резултати пред да биде прекината кампањата истакна дека е оптимист и верува дека Јунајтед може биде конкурентен за врвот.

-Не знам зошто е така, но се чувствувам малку посигурен во можноста на Манчестер Јунајтед да биде поконкурентен следната сезона само поради тоа што се случи и фактот што тие започнаа да играат многу подобро пред овој прекин, -истакна Невил.

Меѓутоа според Инс таа разлика, предност која Ливерпул, Манчестер Сити ја имаат во моментов не може така брзо да се стопи и стигне.

-Ќе биде потребно долго време за да ги стигнат и ако некој на „Олд Трафорд“ мисли дека тоа ќе биде направено за неколку години со големи засилувања едноставно се залажува. Имаше многу штета предизвикана од нестабилноста во клубот во последните шест години, а во исто време Ливерпул имаше стабилност особено откако дојде Клоп.

-Ливерпул имаше план, тие се држеа до истиот дури и кога работите не одеа одлично за Клоп во неговата прва година и сега ги собираат наградите. Во Јунајтед менаџерите дојдоа и си заминаа, тие имаа свои идеи за играчи, потрошија богатство на ужасни засилувања. Поради тоа тие се најдоа на 30 поени зад Ливерпул на средина на сезоната што е срамно за клуб од реномето на Јунајтед, -истакна Инс.

Сличен став како Пол има и холанската легенда Стам.

-Против Сити тие имаа добра серија на резултати. Но, вие не можете да гледате индивидуални натпревари и да кажете дека можеме да одиме на освојување на лигата, затоа што сме ги добиле неколку пати. Мислам дека треба да бидете многу стабилни како тим во текот на целата лига како што е Ливерпул.

-Треба да играте на одреден начин и да го изградите својот состав на одреден начин, тогаш на крајот може да го изградите тој предизвик за повторно да ја освоите лигата. Ако сега погледнам, мислам дека им се потребни уште неколку квалитетни играчи во составот за да го извршат тој предизвик, -порача Стам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни