Инс: Ако Зидан дојде во Јунајтед, тогаш…

lukakusho

Екипата на Манчестер Јунајтед бележи лоши резултати во актуелнава сезона и се почесто се зборува дека цехот за истите ќе го плати португалскиот стратег Жозе Мурињо.

Како наследник на Мурињо се споменува името на прославениот француски ас Зинедин Зидан кој имаше извонредни успеси во Реал Мадрид, клуб на кој му донесе три титули во Лигата на шампионите. Дали е ова реално и може во иднина да се реализира останува да видиме, но во меѓувреме на оваа тема прозборе и својот став го искажа некогашниот член на „црвените ѓаволи“, Пол Инс.

Инс верува дека доколку Зидан дојде на „Олд Трафорд“ тој ќе го врати посакуваниот стил и напаѓачки фудбал по кој беше карактеристичен Јунајтед додека беше воден од Сер Алекс Фергусон.

-Зизу беше одличен во Реал Мадрид. Тој дојде и ја освои Лигата на Шампионите по Лигата на шампионите, беше феноменален. Тој имаше стил во Реал Мадрид, го доби најдоброто од своите офанзивци, напаѓачи. Играчите влегоа во тоа, стилот на игра на Зидан ги доби и за мене тоа беше значајно. Сега гледате во Јунајтед и тие немаат начин на игра. Ама Зидан тоа го направи во Реал. Ако ја добие работата во Јунајтед можам да видам како го носи и употребува истиот стил, -порача Инс.

Facebook Коментари