Поврзете се со нас

Свет

Иниеста за ѕвездата на ПСЖ: Тој е машина, секогаш обезбедува спектакл!

Објавено

на

Андрес Иниеста веќе некое време не е во фокусот на јавноста откако реши да ја напушти Европа и кариерата да ја продолжи во Јапонија во редовите на Висел Кобе, но шпанската легенда наоѓа простор и време понааму да ги врати актуелностите, случувањата на стариот континент.

Шпанскиот ас отворено говореше за една од најголемите ѕвезди на Пари Сен Жермен, Нејмар кој често знае да биде на мета на критичарите поради своите потези, однесување, но според Иниеста тој е машина за фудбал кој секогаш обезбедува спектакл.

-За мене тој е еден од најдобрите играчи што сум ги видел и со кои сум играл. Тој е машина за играње фудбал, дриблинг и додавање. Верувам дека кога зборуваме за фудбал, зборуваме за спектакл, уживање во она што играчите го презентираат. И мислам дека гледањето на Неј како игра е синоним за тоа, -вели Шпанецот кој смета дека Бразил има голема шанса да стане шампион во Катар.

-Мислам дека никој не би кажал дека Бразил не е кандидат за освојување на Светското првенство. Верувам дека имаат многу силен тим и сигурен сум дека Бразил ќе се бори за титулата, -заврши играчот на Висел Кобе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни