Поврзете се со нас

Шпанија

Иниеста за Барселона: Форсирањето на млади играчи има добра и лоша страна!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Андрес Иниеста во интервју за италијанска „Газета“ направи мала најава на реванш осминафиналето меѓу Барселона и Наполи кое се игра вечерва, но претежно се задржа на својот пријател Чави Ернандес, но и на младите играчи од школата кои се почесто добиваат шанса во првиот тим.

По Педри и Гави, Барселона оваа сезона ги доби Ламине Јамал и Кубарси и тие воодушевија на последниот натпревар кој го одиграат против Мајорка, но форсирањето на вакви играчи колку е добро, толку е и лошо кога се претерува со минутажата.

Иниеста вели дека Барса се довела во ситуација да им дава огромна одговорност на тинејџери, па со целосното форсирање од цела јавност, често доаѓа и до преоптеретување и повреди какви што заработија Гави и Педри.

– Од една страна, извонредно е што играчи како Ламин и Кубарси играат важна улога во првиот тим. Тие играат многу добро и тоа е резлутат на традицијата која ја имаме изградено во школата. За жал, постои и лоша страна. Јас сметам дека толку млади фудбалери не треба да имаат толку голема одговорност во клуб како Барселона, – вели Иниеста, кој потоа се осврнува на Чави.

– Страдам како што страда тој. Страдам за него како фан, но и како пријател. Знам колку му значи Барселона, знам колку сакаше да го тренира првиот тим и знам колку му значи клубот. Влезе со максимална страст и не му посакувам на никој толку добро, какошто му посакувам на него. Знам дека реши да се повлече само за да му направи добро на клубот, – завршува Дон Андрес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни