Иниеста со солзи во очите се збогува со Барселона, Кутињо се ремек-дело го израдува „Камп Ноу“ (Видео)

iniesta

Барселона со победа над Реал Сосиедад со 1-0 ја заокружи шампинската сезона во Примера, но вечерашниот меч на „Камп Ноу“ мина во знакот на Андрес Иниеста кој ги одигра последните свои минути како играч на шпанскиот великан.

Дон Андрес го старуваше натпреварот и беше на теренот се до 82 минута кога со солзи во очите се поздрави со сите играчи, публиката и се упати кон клупата за резерви, откако претходно капитенската лента му ја препушти на Лионел Меси.

Се уште не е познато каде Иниеста ќе ја продолжи кариерата, но она што е јасно каталонците губат играч кој е вистински пример, играч кој им донесе големи радости со своите магични потези, партии и беше еден од најзаслужните за сите успеси за тимот во последните 15 години.

Инаку вечерва клучниот потег го имаше Филипе Кутињо кој на мајсторски начин го матираше составот од Сан Себастијан во 57 минута.

Facebook Коментари