Свет
Иниеста се расплака во Јапонија и најави потрага по нов клуб (Видео)

Андрес Иниеста е симбол за Барселона и во 2018-та година го напушти клубот кој најмногу го сака, но во тие моменти, реши да замине на една далечна авантура и да го претставува јапонскиот фудбал.
Дон Андрес пет години настапуваше за Висел Кобе и беше симбол за овој клуб, но оваа сезона се најде во втор план кај тренерот на првиот тим и тоа го принуди предвреме да стави крај на соработката.
Иниеста денеска на емотивна прес-конференција објави дека спогодбено се договорил со Висел Кобе да го раскинат договорот, но истовремено најави дека ова не е фудбалски крај и дека бара нов проект и друг клуб за да ја заврши кариерата на фудбалскиот терен.
– Пред пет години ја напуштив Барселона и ја донесов најдобрата одлука во мојот живот со тоа што дојдов во Висел Кобе. Сите мислевме дека ќе ја завршам кариерата тука, тоа беше желба на сите, но за жал тоа не може да се оствари.
– Приоритетите и плановите на тренерот се поинакви и морам да го прифатам тоа и да продолжам понатаму. Сакам да ја завршам мојата кариера играјќи на фудбалскиот терен. Сакам да продолжам да играм, сметам дека се уште можам и имам страст да го правам тоа. Ја затворам оваа етапа и ќе видиме какви опции ќе ми се отворат, – изјави Иниеста на пресот, на кој пушти и по некоја солза додека им се заблагодаруваше на сите во клубот за добриот пречек и незаборавниот престој изминативе пет години.
-
Германијапред 21 час
Кан доживеал брутално понижување од Баерн: Ова е најлош ден во мојот живот!
-
Шпанијапред 22 часа
Родриго претрча 70 метри и постигна неверојатен гол во Севилја (Видео)
-
Францијапред 20 часа
Голот на Меси доволен за историја и нова шампионска титула на ПСЖ (Видео)
-
Македонијапред 23 часа
Тиквеш приреди шпалир за новиот шампион, во Битола се крена трофејот после 18 години (Фото)
-
Англијапред 21 час
Капитенот на Лутон колабираше на теренот, па ја прослави промоцијата во Премиер лига од болнички кревет (Фото)
-
Англијапред 8 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Шпанијапред 6 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Македонијапред 21 час
ТЦР Европа: Давидовски до четвртото место во првата трка