Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Иниеста ја предупреди Барселона: Наполи сега е подобар, ќе биде…

Објавено

на

foto:twitter.com/andresiniesta8

Барселона и Наполи ќе ги одмерат силите на пресметката во Каталонија, реванш натпревар по кој ќе го добиеме патникот во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Првата средба на „Диего Армандо Марадона“ завршни победник 1-1 што е гаранците дека вечерва ќе гледаме еден тежок, борбен дуел кој ќе можат да го решат детали, индивидуален потег. Според легендата на Барса, Андрес Иниеста нема фаворит и притоа го предупреди својот поранешен клуб да внимава на противникот кој според него е подобар од пред три недели.

-Наполи е противник со кој никогаш не сум се соочил на официјален натпревар. Ќе биде отворен, комплициран натпревар и тешко да се каже дека некој е фаворит. Барса се покажа добро во првиот натпревар, ама на крајот не победи. Наполи пак се подобри во изминативе три недели. Чувството е многу попозитивно по смената на тренерот, додека Чави загуби важни играчи во Педри и Де Јонг. Важно е што тие (Барселона) играат дома во реваншот, дури и ко тоа е во Монжуик, а не на Камп Ноу, -истакна Андрес и додаде:

-Знам дека не им се допаѓа, не знам дали е поврзано со географија, клима или блискост, но тоа е нешто што ги прави работите уште покомплицирани за Барса. Се надевам дека ќе можат да реплицираат атмосфера слична на Камп Ноу кога ќе играат против Наполи, -рече Шпанецот говорејќи за тоа дека е поинаку да се игра на „Монжуик“ во споредба со вистинскиот дом на шпанскиот шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни