Поврзете се со нас

Шпанија

Иниеста: Има различни мислења за стилот на Барселона, но Видал…

Објавено

на

Легендата на Барселона, Андрес Иниеста го даде своето мислење за Артуро Видал и како тој се вклопува во филозофијата, стилот на играта на клубот од „Камп Ноу“.

Многумина во 2018 година беа изненадени кога Чилеанецот од Баерн Минхен премина во шпанскиот великан, но големиот борец им покажа на сите дека може да се најде во секоја средина, на секој натпревар тој го дава својот максимум  и ги освои срцата на навивачите на каталонците.

Иниеста исто така многу го цени Видал и смета дека е играч кој може да и даде нешто плус на Барселона, нешто поразлично кое и е потребно како екипа.

-Тој е одличен играч, тоа не е ништо ново. Тој е фундаментален дел од екипите за кои играше и репрезентацијата. Постојат многу мислења за стилот на Барселона, но за одличен играч како него секако дека има место.

-Тој тоа го покажа и секогаш придонесува со неговите квалитети. Артуро многу покрива на теренот. Оди напред, се враќа назад. Добро се поврзува и е физички силен играч. Тој е способен да игра за тим како Барселона. Тимовите треба да бараат варијабилност, -порача Иниеста.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни