Иницијативен одбор за вонредно собрание на ПФМ: Денешното собрание на кое е реизбран Маленко е нелегитимно

start 50 fly skopje 2017

Иницијативниот одбор за одржување вонредно собрание на Пливачката федерација на Македонија денеска испрати реакција поради информацијата дека денеска или еден ден пред закажаното собрание, се одржало вонредно собрание на кое на претседателската функција на ПФМ бил реизбран Александар Маленко.

Иницијативата која наведува дека во својот состав има мнозинство од клубовите со решение за вршење дејност спорт од Агенцијата за млади и спорт, потенцира дека ова собрание е нелегитимно, потсетувајќи дека валидни ќе бидат само одлуките кои ќе бидат донесени на утрешното вонредно собрание кое ќе се одржи во СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Во продолжение целиот демант:

Демант од 

Иницијативен одбор за одржување
на вонредно собрание на Пливачка федерација на македонија

Денеска беше пласирана информација дека се одржало Вонредно собрание на Пливачката федерација на македонија, по барање на иницијативниот одбор, на кое наводно бил ре-избран Александар Маленко за претседател.
Во интерес на вистината ја информираме македонската спортска јавност дека Иницијативниот одбор составен од мнозинството клубови кои што имаат решение за вршење дејност-спорт од Агенцијата за млади и спорт, или 15 клубови од вкупно 25, уште претходно ја закажаа вонредната седница на собранието за сабота, 24.02.2018 година во 12:00 часот.

Согласно ова сметаме дека денешното таканаречено вонредно собрание во режија на малцинскиот број на клубови кои што го подржуваат Алексндар Маленко е нелегално и нелегитимно спротивно на вољата на мнозинството клубови.
Ова претставува груб обид за доведување во заблуда на клубовите-членки на ПФМ, како и на пошироката јавност во Македонија, во чиј интерес е рестарирање и реформирање на 9 години нефункционалната федерација која со денешниот потег останува сеуште е во заложништво на старото раководство.

Воедно ги покануваме сите медиуми да присуствуваат на вонредното собрание кое ќе се одржи на 24.02.2018 г. ( сабота ), во конференциската сала на СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Со почит,

Иницијативен одбор за одржување на вонредно собрание на ПФМ

Facebook Коментари