Македонија
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!

Последната епизода од дербито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер донесе уште една ракометна драма, овојпат во салата „Јасмин“ во Кавадарци каде „црвено-црните“ се погрижија за нов шампионски пресврт.
Откако го победија вечниот ривал среде битола во битката за титулата во домашното првенство, Вардар денеска го „грабна“ трофејот и во Купот, или поточно го „украде“ од рацете на битолски ракометари.
Еурофарм Пелистер се чинеше дека е на добар пат да стигне до Куп титулата откако искористи едно помрачување на Вардар, но дури и црната дупка од 13 минути на скопјани не беше доволна за победа. Вардар имаше позитива од 8:4 во 17-та минута, но не постигна гол до крајот на првиот дел и на пауза замина со негатива од 12:8.
Битолчани одржуваа предност од четири и пет гола се до 50-та минута од мечот, но во последните 10-тина минути упрскаа се што напорно градеа во претходниот половина час. Вардар се разбуди во најважните моменти и преку Дибиров и Талески намали на 20:18 на десет минути пред крајот, па потоа следеше рововска битка во секоја акција.
Во овој период, следеа големи грешки на двете страни, многу испуштени топки и погрешни додавања, па во целиот хаос, во последната минута се влезе со 22:22. Еурофарм Пелистер не го искористи својот напад за победа и пропушти да стигне до своја прва титула после 17 години, но затоа Талески се претвори во херој и во последната акција погоди за 23:22 и го донесе Куп трофејот за Вардар, 15-ти во клупската историја.
-
Светпред 22 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Светпред 23 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
Светпред 24 часа
Лос Анџелес сепак ќе мора да плати за Бејл, заработката оди кај Бекам!
-
Англијапред 12 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
Италијапред 24 часа
Рома ја изигра Барселона, каталонскиот гигант се налути и размислува за тужба (Фото)
-
АТПпред 22 часа
Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)
-
Англијапред 18 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг уште на првиот тренинг ги потсетил играчите на едно правило од времето на Фергусон