Поврзете се со нас

Свет

Инфантино упати телеграма со сочувство за смртта на Кирил Дојчиновски

Објавено

на

Првиот човек на светската фудбалска организација ФИФА, Џани Инфантино до претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини упати телеграма со сочувство за смртта на Кирил Дојчиновски.

Дојчиновски е еден од најголемите македонски фудбалери во нашата историја, прв Македонец кој беше дел од едно Светско првенство, тоа во Западна Германија како член на селекцијата на Југославија.

Некогашниот ас на Црвена Звезда и Вардар почина пред два дена во својата 78 година од животот, а по веста за неговата смрт телеграми со сочувство стигнуваа од сите страни.

Една од ниве и од Инфантино кој во испратената телеграма го искажа своето сочувство за Дојчиновски, притоа истакнувајќи дека тој е вистинска легенда на југословенскиот фудбал.

Инаку, во својата тренерска кариера, Кирил Дојчиновски му беше предводник и на големиот Емилио Бутрагењо со кого имаа средба пред пет години кога во Скопје се одржуваше Супер купот на Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни