Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Инѕаги жали: Требаше да победиме со поголема разлика…

Објавено

на

foto: twitter.com/Inter

Интер издвојува победа над Атлетико Мадрид од 1-0 во првата средба од осминафинлната фаза во Лигата на шампионите.

Домаќините беа поконретни и во завршницата успеаа да постигнат гол преку резервистот Марко Арнаутовиќ, погодок со кој калчолигашот со позитивен резултат ќе го дочека реваншот на „Ванда Метрополитано“ закажан за 13 март.

-Ова е задоволувачки, момците беа одлични против физички, технички поткован тим кој воопшто не ни ја олесни работата. Знаеме дека ова е само прв натпревар, реваншот ќе биде тежок и секако жалиме за резултатот со оглед на сето тоа што го создадовме, заслуживме резултат со поголема разлика. Ова е фудбал, продолжуваме понатаму, -истакна тренерот Симоне Инѕаги.

-Имавме квалитетни противници, но Интер одигра многу добро. Да не заборавиме дека кога Атлетико Мадрид ја има топката, тешко е да им се одземе. Веројатно направивме премногу погрешни додавања во првото полувреме, но Атлети беше неутрализиран со две линии.

-Подобро ја движевме топката по паузата и мислам дека заслуживме повеќе од 1-0. Играчите од средниот ред се жртвуваа и работевме тимски. Замените помогнаа, бидејќи не бевме свои во првите седум-осум минути од вториот дел, но се вративме на вистинскиот пат, создадовме шанси што требаше да ги искористиме. Знам дека Зомер немашеодбрани, но имаше неколку ситуации како шутот на Самуел Лино и Алваро Мората со глава каде што можевме подобро, -додаде предводникот на „нероаѕурите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни