Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги за тајната за успесите: Потребен ви е…

Објавено

на

foto: twitter.com/Inter

Тимот на Интер успешно ја заврши епизодата во италијанскиот Супер Куп кој се одржа во Саудиска Арабија.

„Нероаѕурите“ беа први фаворити за пехарот на турнирот, статус кој го оправдаа прво со победата над Лацио од 3-0 и потоа со триумфот против Наполи со 1-0 со погодокот на Лаутаро Мартинез во самата завршница.

Симеоне направи непотребна глупост, Лаутаро го реши финалето во 91. минута (Видео)

-Комплименти на Наполи за одличната претстава, тие одлично се бранеа и се бореа како лавови. Секако пораз во финале во 90. минута секогаш е болно. Сакам да им честитам и на моите играчи. Тие играа полуфинале, а потоа и финале 60 часа подоцна, што беше ново за сите. Плативме цена за тоа во замор, но момците останаа концентрирани. Зомер направи една одбрана, веројатно можевме да постигнеме гол порано, но игравме против добро организиран противник, -истакна тренерот Симоне Инѕаги за кого ова беше петти трофеј во Супер Купот со што ги остави зад себе Марчело Липи и Фабио Капело.

-Задоволен сум, но пред се поради моите момци кои работат толку напорно и клубот кој во овие три години се погрижи никогаш да ништо да не ни недостига. Имам посебна посвета за нашите навивачи кои минаа долг пат за да дојдат овде. Сакавме да уживаме во моментот со нив и на голот сите играчи вклучувајќи ги и оние на клупата претрчаа да го доживеат тоа со навивачите, -рече стратегот.

Воедно Симоне постави уште еден рекорд, тој стана тренерот со најмногу добиено финалиња во историјата на Интер.

-Навистина нема тајни, потребен ви е одличен тим кој го имам во Интер и пред тоа со Лацио. Бев оптимист, но само до одреден степен, бидејќи обично имаш една недела или повеќе да се подготвиш за финале, а ние тоа овде го немавме. Сакам да ги пофалам играчите кои влегоа од клупата, тие беа ефективни во градењето на голот. Ова потврдува дека ќе ни треба секој да даде свој придонес оваа сезона, -заклучи Инѕаги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни