Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги за поразот од Фиорентина: Заслуживме да загубиме

Објавено

на

Foto:x.com/Inter

Фиорентина го победи Интер со убедливи 3:0 на натпреварот кој претходно беше прекинат, а вчера доигран во рамките на италијанското фудбалско првенство.

Актуелниот шампион имаше неочекувано слаб настап и доживеа тежок пораз во Фиренца, а тренерот Симоне Инѕаги признал дека неговиот тим не заслужил подобар резултат.

– Бевме целосно загубени на теренот и заслуживме ваков резултат, честитки за Фиорентина.

– Не реагиравме добро и покрај сигналите во првиот дел, не сакам да слушам изговори околу умор, едноставно не се појавивме на терен.

– Очекувано е сега да бидеме лути поради ваквиот резултат, но мора експресно да се покренеме и да продолжиме на посакуван начин. Има уште многу натпревари до крајот на сезоната, – рекол Инѕаги.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни