Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги за неверојатниот волеј на Арнаутовиќ: Работевме на тоа на тренинг (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Inter

Интер ја одработи својата задача во четвртфиналето во Копа Италија и успеа да закаже полуфинална пресметка со градскиот ривал Милан, но пред да дојде ред на тоа, актуелниот шампион ќе има уште многу обврски во наредните да месеци.

Полуфиналните возбудувања во Купот се закажани за месец април и Интер ќе има многу позначајни предизвици во домашното првенство и во Лигата на шампионите во периодот кој следи, па затоа Инѕаги вчера и одмори дел од играчите кои редовно се во стартната постава.

И покрај тоа, Интер беше доволно умешен за да победи со 2:0, а триумфот беше најавен со вистинско фудбалско ремек-дело од Марко Арнаутовиќ.

Искусниот Австриец зафати еден страшен волеј надвор од шеснаесетникот и режираше бравура на „Џузепе Меаца“, нешто од што сепак не остана изненаден тренерот Симоне Инѕаги.

– Утрото пред натпреварот работевме на прекините и корнерите. Бидејќи Лацио има високи играчи, планот беше Арнаутовиќ да излезе од шеснаесетникот и да му се отвори простор. Топката стигна до него, а сите знаеме какви шутерски квалитети поседува Марко. Не сум изненаден од неговиот гол, – изјави Инѕаги.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни