Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги за голот на Јувентус: Не ми се верува дека ова се случува во ерата на ВАР, Интер заслужува респект (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter_en

Толку најавуваното „Дерби д’Италија“ донесе многу нервоза и тензија на теренот, но и еден крајно контроверзен момент кој различно е протолкуван од страна на двата тима.

Интер како домаќин загуби со минимални 0:1 од Јувентус на „Џузепе Меаца“, а како клучен се покажа голот на Србинот Костиќ, на кој претходеше едно сомнително движење со раката на Адриен Рабио.

Главниот судија Кифи цели четири минути ја прегледуваше ситуацијата и не можеше да пронајде вистински агол за да види најточно што се случи, па на крајот реши да ја заджи првичната одлука и покажа на центар.

Потврдата на овој гол беше доволно за минимален триумф на Јувентус во Милано, сценарио од кое доста огорчен остана тренерот на домаќините, Симоне Инѕаги.

– Има големо чувство на разочарување после ваков пораз. Кажавме дека нема да зборуваме за вакво нешто после тоа што ни се случи со Монца, но сега се случи нешто сериозно како и тогаш.

– Примивме гол кој е неприфатлив во ерата на ВАР, не можам да поверувам дека голот е признат. Уште понавредувачки и попонижувачки е тоа што велат дека немале јасна слика за ситуацијата. Ние сме огорчени и бараме респект. Интер заслужува поголем респект. Тешко ми е да зборувам за мечот после ова, видов 20 слики и сите покажуваат дека Рабио ја удри топката со рака, – изјави Инѕаги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни