Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги ги израдува фановите на Интер: Нема веќе продавања, ќе донесеме само уште еден играч

Објавено

на

Стратегот наИнтер, Симоне Инѕаги пред натпреварот со Лече ги коментираше и следните трансфер чекори на неговиот клуб.

Инѕаги потврди дека веќе е одлучено да не се купуваат нови играчи и да не се продаваат оние кои се во тимот, притоа додавајќи дека ќе донесат само уште еден играч кој би имал споредна улога во тимот и кој би бил замена за Андреа Ранокија кој замина во Монца.

– Се договоривме со клубот и сопствеништвото на клубот. Нема да зборувам многу на оваа тема. Клубот работи само на носење на замена за Ранокија, а мојот фокус е на средбата со Лече.

– Ни недостасува стопер кој треба да биде замена за Ранокија и клубот работи на тоа. Не треба да зборувам повеќе на оваа тема затоа што трансфер пазарот за нас, и за нови засилувања, но и за заминувања е готов,- потенцираше Инѕаги.

Тоа значи дека „нероаѕурите“ на крај ќе го задржат Милан Шкринијар во своите редови. Словакот долго време се поврзуваше со трансфер во ПСЖ, но како што стојат работите тоа нема да се случи.

Интер досега ги ангажираше Хенрик Миктарјан, Андре Онана, Раул Беланова, Кристјан Аслани и Ромелу Лукаку, а го направи перманентен и договорот на Жоакин Кореа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни