Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Инѕаги за дефанзивецот кој издоминира против Арсенал: Играше под инјекции

Објавено

на

Foto:x.com/Inter

Интер покажа импресивна дефанзива против Арсенал и не дозовли да се затресе мрежата на Јан Зомер, а тоа беше клучно за тесна и минимална победа против Арсенал во Лигата на шампиони.

По голот на Чалханоглу на крајот на првиот дел, италијанскиот првак се предодреди да игра претпазливо и да го брани водството, па во такви услови, најмногу се истакна Бисек кој спречи и еден чист гол по удар на Хаверц од непосредна близина.

Бисек доби највисоки оценки од италијанските експерти за дефанзивниот мастерклас, но наиде на пофалби и од тренерот Инѕаги, кој пак откри дека германскиот фудбалер играл со повреда.

– Бисек е неверојатно силен играч и го потврди тоа денеска. Негов проблем во Интер е тоа што мора да се натпреварува со многу добри дефанзивци. Сепак, добива шанса и веќе играше против Манчестер Сити и Арсенал во Лигата на шампиони.

– Нема потреба да ми докажува ништо, знаеме колку вреди и треба да продолжи да работи. Бисек играше против Арсенал со повреда на ребрата. Добиваше инјекции против болка пред натпреварот и покрај се, одигра извонредно. Медицинскиот тим исто така заврши огромна работа и имаше соработка од двете страни. На полувремето имаше вреќа со мраз врз себе, но рече дека ништо нема да го сопре да продолжи, – открива Инѕаги.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни