Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги за борбата за Скудетото: Не се плашиме од Наполи и Аталанта…

Објавено

на

Foto:x.com/Inter

Интер рутински го совлада Лече (4-0) за 15. славје во италијанскиот шампион со што одново дојде на минус три во однос на лидерот Наполи кој има одиграно и натпревар повеќе во однос на бранителот на титулата во Калчото.

Клубот од Милано даде по два гола во двете полувремиња и притоа одново ја сочува својата мрежа на гостински терен, односно нема примено гол дури на осум средби надвор од својот дом во Серија А што е импресивна серија на резултати.

-Последниот гол што го примивме на гости беше во Удине во септември, така што зад овие рекорди има многу секојдневна работа на тренинзите и јас сум многу среќен што работев за клубови како Лацио и Интер кои ми дадоа „карт бланш“, со играчи кои беа подготвени да ме следат, -истакна тренерот Симоне Инѕаги кој стана стратег со најбрзо остварени 200 победи во италијанската елита.

На врвот на табелата сега се издвоија Наполи, Интер и Аталанта, па во однос на ова Симено порача:

-Наполи и Аталанта прават нешто извонредно, како и Интер. Нема страв, само многу почит за две многу добри екипи, кои имаат добри тренери и играат добар фудбал. Реков во јули дека ова ќе биде отворена трка за титулата и еве што се случува, -заврши предводникот на „нероаѕурите“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни