Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Инѕаги за болната елиминација од Атлетико: Го имавме четвртфиналето во наши раце…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Симоне Инѕаги доста енергично ги доживеа сите најважни моменти од дерби пресметката со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, но посебно беше фрустриран кога Маркус Тирам не искористи зицер при резултат 1:1 кој сигурно ќе значеше и пласман во четвртфиналето.

Тренерот на Интер како да предосети што може да следи до крајот на мечот, па така Мемфис Депај постигна гол за 2:1 и го однесе мечот во продолженија, а на крајот домаќините беа подобри во „фудбалската лотарија“.

Инѕаги по болната елиминација порача дека нема никаква забелешка за своите фудбалери и останува горд на нив, иако ќе жали за пропуштените и нереализирани шанси кои можеа да го остават Интер во трка и за Лигата на шампионите.

– Секако дека после ваков пораз ќе има големо разочарување во клубот и во целото семејство кое е поврзано со Интер. Но, јас им кажав на моите момци да бидат горди од патувањето кое го понудија. Пристигнавме непоразени на многу натпревари во низа и секако дека можевме да бидеме подобри во клучни моменти. Треба да се биде реален, го имавме натпреварот во наши раце, но направивме непотребни грешки и тоа скапо не чинеше.

– Ако гледаме севкупно, требаше да направиме многу повеќе на првиот меч, но поведовме и тука со голот на Димарко, а потоа веднаш ги вративме во игра. Тоа го промени текот на мечот, ги подигна играчите на Атлетико, но и нивните фанови.

– Овој тим не се навикна да губи, поразите болат, особено кога го имамве четвртфиналето во наши раце. И покрај се, јас сум неизерно горд што го водам овој тим, има огромно разочарување, но ни преостанува работа за довршување во Серија А и сакаме да ја оствариме најважната цел. Момците мора да бидат со подигнати глави, на вакво ниво решаваат најситни детали. Требаше да го затвориме мечот кога можевме, ги имавме шансите, а потоа пеналите се лотарија и тие беа подобри од нас, – изјави Инѕаги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни