Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги во изолација, имал позитивен тест на коронавирусот

Објавено

на

Коронавирусот ќе го спречи Симоне Инѕаги да го води Лацио од клупата, а информацијата дека имал позитивен тест ја потврди неговата сопруга.

Лацио денеска информираше дека член на стручниот штаб имал позитивен тест, а подоцна преку Инстаграм, Гаја Лукариеола објавила дека целото семејство на тренерот е заразено со опасниот вирус.

– Сакам да ве информирам дека целото семејство има позитивни тестови, кои беа направени во домашни услови. Ги следиме протоколите и остануваме дома во изолација, – напишала сопругата на Инѕаги.

Медиумите деновиве тврдеа дека Инѕаги и Лацио конечно се подготвени да го продолжат договорот, но сега веројатно и тој чин ќе мора да почека додека не заврши изолацијата на тренерот.

Лацио во претстојното коло гостува кај традиционално незгодниот противник Верона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни