Италија
Инѕаги верува во нова „Перуџа“ и прво скудето со Интер

Победата на Сардинија му овозможи на Интер да се надева на кикс на Милан во последното коло, а со тоа и евентуална одбрана на титулата во Серија А.
Тимот на Симоне Инѕаги го победи Калјари, но за скудетото ќе му треба победа во последното коло и пораз на Милан против Сасуоло.
Тренерот на „нероазурите“ се потсети на своето искуство како играч на Лацио од 2000 година, потенцирајќи дека постои реална можност Милан да загуби на „Мапеи“.
– Такво нешто веќе се има случено. Јас ја освоив титулата со Лацио, имавме два бода помалку, а Јувентус загуби во Перуџа, тоа може да се повтори, – изјавил Инѕаги.
Предводникот на Интер потсети на контроверзниот натпревар меѓу Перуџа и Јувентус, чиј старт беше првично одложен поради силниот дожд. Судијата Пјерлуиџи Колина одлучи средбата сепак да се игра по тешки услови при што домаќините се снајдоа подобро и го оставија Јувентус без титула.
Интер во последното коло ја пречекува Сампдорија која веќе обезбеди опстанок во Серија А.
-
Светпред 17 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Светпред 18 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
АТПпред 20 часа
Алкарас се врати од загубена ситуација и со еден поен ги крена на нозе тениските фанови во Лондон (Видео)
-
Светпред 19 часа
Лос Анџелес сепак ќе мора да плати за Бејл, заработката оди кај Бекам!
-
Италијапред 19 часа
Рома ја изигра Барселона, каталонскиот гигант се налути и размислува за тужба (Фото)
-
Англијапред 7 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
АТПпред 17 часа
Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола