Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги: Три поништени гола, три стативи и еден недосуден пенал (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Inter

Интер надмина многу неповолни околности во натпревар на кој изгледаше дека се е против нив, но дури и во таква ситуација, актуелниот шампион успеа да се избори само за бод.

Тимот на Симоне Инѕаги не се откажа и покрај трите поништени гола и трите погодени стативи, па на крајот Де Вриј успеа да донесе бод со постигнат погодок во 93-та минута.

Погодокот на Холанѓанецот не му дозволи на Милан да запише трета победа во низа во дерби пресметките, а Инѕаги вели дека тоа е најмалата работа која ја заслужил неговиот тим на овој натпревар.

– Момците беа фантастични, се изборија и покрај сите препреки. Повторно истапија и одговорија на предизвикот. Среќата не беше на наша страна со три поништени гола и со три погодени стативи. Исто така, не беше досуден и чист пенал над Тирам, – изјави Инѕаги, алудирајќи на стартот на Павлович во вториот дел.

– И покрај толку инциденти кои одеа против нас, успеавме да се избориме за реми во 93-та минута. Милан заслужува комплименти, повторно не предизвикаа, но мора да жалиме за испуштените шанси, – изјави Инѕаги.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни