Италија
Инѕаги со совет за неефикасниот Лаутаро: Мора да…
Интер успеа да ги освои посакуваните три бода во соочувањето со Комо и тоа со два гола во второто полувреме кои беа дело на Карлос Аугусто и Маркус Тирам.
На домаќините им беше потребно време за да го пронајдат патот до мрежата на Реина, а потоа и да ја обезбедат, потврдат победата со погодок дури во судиското продолжение.
-Мора да му честитаме на Комо, бидејќи тие играа позитивен фудбал, но Интер секогаш беше концентриран и многу малку им дозволуваше. Не бевме толку остри како и обично во првото полувреме, а ниту теренот не беше во одлична состојба бидејќи ќе биде повторно поставен следната недела. Игравме против тим кој трчаше силно, но знаевме дека штом ќе ја зголемиме брзината, можеме да ја преземеме контролата и тоа се случи, -рече тренерот Симоне Инѕаги.
И на овој меч капитенот Луатаро Мартинез остана без погодок, поточно ја продолжи низата на натпревари без да го матира противникот која трае од 3 ноември кога стрелаше во минималниот триумф над Венеција.
-Бев напаѓач, знам дека се случуваат овие моменти. Во понеделникот Лаутаро беше еден од најдобрите играчи против Лацио. Напаѓачите работат напорно, бараме многу од нив и се обидуваме да ги одмориме што е можно повеќе во околностите. Му реков на Лаутаро да се опушти, бидејќи тој секогаш постигнувал голови и секогаш ќе дава, среќата ќе се сврти и тој треба да биде загрижен само ако нема шанси за гол, -порача Инѕаги.
Аргентинецот во тековната сезона има само пет постигнати гола во Калчото и е далеку од формата од натпреварувачката 2023/2024.
-
Англија21 час
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП15 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Репрезентација16 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија13 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Македонија23 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија14 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Германија17 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)