Лига на шампиони
Инѕаги со две принудни опции ќе го решава „проблемот Димарко“

Интер остана на врвот во Серија А по дербито со Наполи и успеа да го сочува првото место, но овој натпревар донесе еден нов проблем за Симоне Инѕаги, кој сега ќе мора принудно да го решава поради големиот број отсуства.
Стандардниот лев бек на Интер заработи мускулна повреда и ќе отсуствува неколку седмици, меѓутоа проблем плус за италијанскиот првак е тоа што е повреден и Карлос Аугусто.
Во најавата за мечот со Феенорд во Лигата на шампиони, Инѕаги најави дека ќе го решава проблемот со две принудни опции, а непосредно пред натпреварот ќе одлучи кој ќе игра како лев бек.
– Знаеме дека имаме потешкотии на специфичен дел од теренот. Димарко е многу важен за нас, но покрај него, ги немаме и Залевски, Карлос Аугусто и Дармијан.
– Веќе немаме играчи на таа бековска позиција, па најверојатно ќе одиме со Бастони или Ачерби. Еден од нив ќе игра како лев бек, но нашата цел нема да се промени. Ќе го дадеме најдоброто во обид да оствариме победа, – изјави Инѕаги.
-
Репрезентација15 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Шпанија23 часа
Ниту Педри, ниту Јамал и Рафиња: Саки го посочи играчот кој најмногу му се допаѓа во Барселона
-
Светски првенства16 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија18 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
Македонија21 час
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
АТП19 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Репрезентација15 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства6 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)