Италија
Инѕаги се согласи со Мхитаријан за главниот проблем на Интер: Мораме да се подобриме

Интер не ги искористи своите шанси во првото полувреме во кое беше подобар ривал на дербито во Торино, а нереализираните прилики на крајот им се удрија од глава, особено големата утка на Лаутаро Мартинез, како и стативата на Дензел Дамфрис.
Јувентус имаше подготвено одговор во вториот дел и успеа да се избори за голема победа која го однесе на четвртото место на табелата, па минималниот триумф од 1:0 само уште еднаш потврди дека Интер има еден голем проблем во Серија А оваа сезона.
Актуелниот шампион забележа само три победи на десет одиграни меча против топ 8 екипите на табелата, а Инѕаги самиот заклучи дека неговиот тим мора да ја поправи оваа статистика доколку сака да ја одбрани титулата.
– Постои жал и разочарување после дерби пораз, но момците играа добро и со голема храброст. Бевме добро организирани, само требаше да бидеме подобри во реализација на шансите. На полувреме требаше да водиме најмалку 1:0. Вториот дел не го започнавме со ист пристап, а кога следеше период во кој создадовме шанси, пристигна голот на Консеисао. Не смееме да паѓаме на вакви натпревари, мора да работиме подобро, бидејќи ова не е доволно за стандардите на Интер.
– Ова е втор последователен пораз на гостински терен, па иако е поразличен од оној во Фиренца, мора да избегнуваме вакви резултати. Мора да ги наведнеме главите и да продолжиме напорно да работиме. Главен проблем ни се резултатите во директните дуели, мораме да го подобриме рекордот во дуелите со директните ривали.
– За две недели играме со Наполи, тоа ќе биде важен меч како овој со Јувентус. Ќе играме директен меч против нашиот главен ривал за титулата и ќе се обидеме да бидеме подобри, – изјави Инѕаги.
-
Формула 115 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија24 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија14 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија11 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија9 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства10 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 110 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)