Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги: Се надевам дека нема да гледаме ист меч како во Торино

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Интер како лидер на табелата го пречекува Јувентус во големото италијанско дерби кое се игра утревечер на „Џузепе Меаца“, со напомена дека тимот од Милано има и еден натпревар помалку во досегашниот тек на сезоната.

Во идеални услови за „нераѕурите“, тие би имале четири бода предност како првопласирани, но реалнсота вели дека имаат само еден бод позитива, што прави утрешното дерби да биде уште поинтересно.

Макс Алегри во својата најава посочи дека утрешниот меч нема да биде клучен во битката за титулата без оглед на резултатот, а истото мислење го дели и Симоне Инѕаги, кој пак се надева дека фановите ќе видат многу подобра фудбалска претстава од онаа во Торино.

Првиот меч заврши 1:1 во дуел со многу тактички надмудрувања, а тренерот на Интер се надева дека ќе биде доста поотворено и повозбудливо пред домашните навивачи на трибините.

– Утрешниот меч е многу важен, но не е пресуден и клучен. Очекувам да биде тесно, но очекувам да биде и многу поинтересно од првиот меч. Воведниот натпревар не беше возбудлив, а утре играме дома и треба да се погрижиме да биде поинаку. Мора да го дадеме најдоброто од себе, знаејќи дека играме против многу квалитетен ривал.

– Максимално го почитуваме Јувентус, но знаеме дека мора да бидеме многу добри за да ја оствариме посакуваната победа. Играме пред нашите навивачи и сигурно неам да ни недостасува мотив за победа, – изјави Инѕаги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни