Италија
Инѕаги пронајде еден проблем во Интер по новата испуштена победа на домашен терен

Интер имаше перфектен старт на сезоната се до првиот кикс со Сасуоло на домашен терен, но ако пред една седмица проблемите ги реши Лаутаро Мартинез со четири гола на гостувањето кај Салернитана, тимот на Инѕаги денеска им приреди ново разочарување на своите фанови.
На втор натпрвар по ред, европскиот вицешампион испушти предност од првото полувреме и на крајот се задоволи само со бод против Болоња, тим кој успеа да профитира од сериозниот пад кој го имаше домашниот тим откако даде два гола.
Интер повторно влезе сериозно во еден меч и постигна два гола преку Ачерби и Лаутаро, но гостите не се откажаа и успеаја да се вратат во игра до крајот на првиот дел, а на крајот и да израмнат.
– Секако дека сум бесен, исто како и сите во соблеквуалната. Втор пат во низа на домашен терен ни се случува истото. Поведовме и не победивме. Последниот пат загубивме од Сасуоло, а денеска направивме големи грешки кои не смеат да се дозволат.
– Можевме да постигнеме повеќе голови во првиот дел, а истото беше и по нивниот втор гол. Имавме монолог по 2:2, но не успеавме. За жал, падовите кои ги имаме на средина на мечот ни се најголем проблем во овој момент. Скапо ја плаќаме цената за тоа, бидејќи имавме одлични перформанси. Тешко е да се прифати ова реми после се што видовме на теренот, но мора да работиме на концентрацијата и да не дозволиме вакви падови во иднина, – изјави Симоне.
-
Италијапред 21 час
Де Лаурентис по гала вечерта во Италија: Децата во Неапол научија важна работа
-
Италијапред 15 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Англијапред 13 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Англијапред 22 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Светпред 14 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Светпред 17 часа
Роналдињо: Мбапе може да ја освои „Златната топка“…
-
Балканпред 15 часа
Канаваро пред тренерски ангажман во Турција
-
Шпанијапред 23 часа
На Симеоне му здосади од Чави: Мораш да го опоменеш, не си ја затнува устата…… (Видео)