Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги призна: Го сфаќам бесот на Паладино, топката излезе надвор од теренот

Објавено

на

Foto:x.com/Inter

Рафаеле Паладино не го криеше бесот по дерби натпреварот на „Џузепе Меаца“ и поразот на неговата Фиорентина, неуспех кој беше одбележан од една голема судиска грешка која не можеше да биде коригирана од ВАР.

Интер поведе со 1:0 по еден непостоечки корнер, бидејќи пред Бастони да се обиде да центрира, топката веќе беше излезена од границите на игралиштето.

Превидот на судиите направи Интер да го продолжи нападот, а на крајот истиот заврши со гол во мрежата на гостите. Паладино не го криеше бесот поради тоа што во вакви ситуации не може да се активира ВАР, па новинарите се обидоа да извлечат изјава и од Симоне Инѕаги.

– Во Фиорентина се бесни и така треба да биде. И ни бевме бесни кога во Леверкузен примивме гол од корнер на кој претходеше офсајд. Не видов што точно се случи, но видов дека пеналот на Дармијан никогаш не требаше да биде досуден.

– Го сфаќам Паладино, топката беше надвор од теренот, но ВАР не може да интервенира во такви ситуации. Таков е протоколот за сите, но јас повторно ќе го нагласам и пеналот. Судијата не го виде иако беше на метар од Дармијан, а потоа ВАР виде пенал кој за мене никогаш не е пенал, – изјави Инѕаги.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни