Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги пресекол: Интер се ослободува од двајцата најплатени играчи во првиот тим!

Објавено

на

Интер беше доведен во ситуација да мора да ги крати платите на фудбалерите и да се ослободи од оние кои добиваа најмногу пари од клубот, но во првиот тим на Симоне Инѕаги во овој момент се случува еден парадокс, бидејќи двајцата најплатени во актуелниот ростер воопшто не се во прв план.

Со заминувањата на Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими, Интер се ослободи од големите давачки за плати на двајцата фудбалери, па сега, најплатени играчи во првиот тим на „нераѕурите“ се Чилеанците Алексис Санчез и Артуро Видал.

Поради лошата минутажа и непосакуваната ситуација, „Газета“ информира дека Интер дефинитивно ќе се ослободи од двајцата во наредните неколку месеци, откако тренерот Симоне Инѕаги пресекол и дал зелено светло за таков расплет.

Целта на Интер е да се ослободи од  7-милионската плата на Алексис Санчез и спогодбено да се раздели со него уште во следниот преоден рок, а фудбалерот да си пронајде клуб каде ќе добива редовна минутажа, нешто што сега ниту одблиску не му е загарантирано.

Од друга страна, по последниот скандал во кој беше уловен Артуро Видал, клубот нема никаква намера да му го продолжува договорот на вториот Чилеанец, кој најверојатно нема да биде ослободен во јанури, но ќе си замине по крајот на сезоната кога му истекува договорот. „Кинг Артуро“ инаку е втор најплатен играч во Интер, со годишна заработка од 6,5 милиони евра.

„Расположениот“ Видал едвај го погоди седиштето, видеото стана хит на социјалните мрежи (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни