Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги пред тешката недела за Интер: Мора да бидеме клинички попрецизни

Објавено

на

Foto:x.com/Inter

Интер се изнамачи за три бода против Венеција и трепереше до последен момент, особено откако гостите постигнаа гол за 1:1 во 98-та минута.

Играчите на Венеција се израдуваа на израмнувачкиот гол и ги „смрзнаа“ присутните на „Џузепе Меаца“, но среќна околност за домаќините беше тоа што голот беше поништен поради играње со рака.

На крајот, голот на Лаутаро Мартинез се покажа како доволен за минимална победа од 1:0, но поучен од ова искуство, Инѕаги побара од својот тим да биде клинички попрецизен на следните два натпревари кои следат, оној со Арсенал во Лигата на шампионите, а потоа и дербито со Наполи во Серија А.

– Мора да бидеме клинички попрецизни на двата меча кои следат, не смееме да си дозволиме ваков финиш. Можевме да имаме полесен меч со оглед на првото полувреме кое го одигравме, а потоа не го „убивме“ мечот и кога поведовме на семафорот.

– Темпото е тешко и забрзано, ова беше наш петти меч во две недели, а сега следат уште два против Арсенал и Наполи. За два дена играме против еден од најдобрите тимови во Европа и цел фокус ни е на Арсенал. Мора да бидеме клинички попрецизни на такви натпревари, – изјави Инѕаги.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни