Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги пред отказ: Волејот на Дибала го најави пресвртот на Рома (Видео)

Објавено

на

Ултрастите на Интер им порачаа на Симоне Инѕаги и играчите од првиот тим дека никако не смеат да кикснат на дербито против Рома и ја посочија оваа пресметка како таква на која мора да се оствари победа, но наместо тоа, следеше ново разочарување на „Џузепе Меаца“.

„Волчицата“ од Рим победи со пресврт и освои големи три бода во Милано, по што столчето на Инѕаги сериозно е затресено и сега се наоѓа пред отказ уште на почетокот на месец октомври.

Симоне некако успеа да го преживее месец септември и ја дочека репрезентативната пауза, но притисокот по денешното дерби разочарување ќе биде уште пожесток, па навистина тешко е да се верува дека ќе го преживее и овој удар.

Инаку, Интер поведе со голот на ДиМарко по 30 минути игра и ја искористи иницијативата во овој дел од мечот, но сепак не замина со предност на полувреме поради магијата на Дибала. Пауло зафати еден добар волеј по додавање од Спинацола и израмни на 1:1, па вториот дел започна како од нула.

Интер како домаќин изврши притисок и ја погоди гредата преку Чалханоглу, но сепак гол постигнаа гостите, и тоа преку Смолинг по перфектниот прекин кој го изведе Пелегрини.

Со победата и новите три бода, Рома се искачи на четвртата позиција и тоа е супер вест за Мурињо, додека Интер сега е седми со само 12 бода по осум одиграни средби.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни