Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги потврди дека нема да смета на тројца важни играчи на дербито со Јувентус

Објавено

на

Foto:inter.it

Симоне Инѕаги говорел со очекуван респект за противникот во однос на утрешното дерби со Јувентус, а ги потврдил и проблемите со составот.

Тренерот на Интер ќе има важни отсуства во одбраната, каде повредите ќе го остават без квалитетни стопери и императив да импровизира во овој сегмент.

– Што се однесува до повредите, сигурно нема да сметаме на Шкринијар, Бастони и Госенс на оваа средба. Постојат уште неколку дилеми кои ќе ги решаваме по последниот тренинг.

– Го сметаме Јувентус за силен тим, во кој настапуваат многу квалитетни играчи.

– Ги почитуваме многу и свесни сме дека менталната подготовка ќе има големо значење за резултатот, – изјавил Инѕаги.

Дербито на Италија се игра утре од 20:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни