Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги посебно задоволен од еден сегмент: Треба да сме горди што го направивме ова против Аталанта

Објавено

на

Foto:x.com/Inter_en

Интер уште еднаш се покажа како непремостлива пречка за Аталанта, овојпат во полуфиналето на италијанскиот Суперкуп кој се игра во Саудиска Арабија.

Завршниот турнир во Ријад донесе пресметки на четирите најдобри тима од минатата сезона, со тоа што шампионот Интер по вторпат оваа сезона беше подобар од разиграниот тим на Џан Пјеро Гасперини.

По убедливите 4:0 во месец август, Интер вчера славеше со 2:0 на натпревар на кој одново можеше да даде четири или пет голови, особено поради шансите кои ги создаде во првото полувреме.

– Момците беа извонредни, особено поради квалитетот кој го покажаа против толку силен противник. Сакавме да се пласираме во финалето, го направивме првиот чекор, но најважниот допрва треба да го направиме. Мора да бидам горд, посебно на еден сегмент од нашата игра.
Играта во транизицјата и создадените шанси се нешто на кое мора да бидеме горди, посебно поради фактот што игравме против Аталанта.

– Не е лесно да создадете толку шанси против Аталанта, единствена грешка ни беше што не го затворивме навреме мечот. Оставивме простор Аталанта да се врати, а среќна околност е што беше поништен гол при водство од 2:0. Како и да е, не можам да се пожалам за ништо кога играте против вака тежок ривал. Мислам дека играме над сите очекувања од стартот на сезоната, – изјави Инѕаги.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни