Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги по ремито со Болоња: Судиите можат да направат грешки…

Објавено

на

Foto:x.com/Inter_en

Интер освои само бод во вчерашната пресметка со Болоња во Серија А, пресметка која заврши со конечен резултат 2-2.

Домаќинот кој важеше за голем фаворит направи пресврт и првиот дел го заврши со предност од 2-1, но во вториот дел му дозволи на противникот да реализира преку Холм по што не успеа одново да се стекне со позитивна и го освои целиот плен на „Џузепе Меаца“.

-Честитки до Болоња, тие беа тежок тим за соочување. Одигравме одличен натпревар, се боревме создавајќи многу шанси, но и примивме голови. Требаше подобро да се позиционираме за вториот гол, но потоа имавме многу шанси да дојдеме до 3-2. Жалиме што не ги освоивме трите бода, но мора да го почитуваме противникот. Тимот го направи она што го сакав.

-Нормално е да се чувствуваме малку огорчени бидејќи имавме шанси да дојдеме од 3-2. Но, игравме против физичка, организирана екипа која не одведе до крај. Дадовме два гола преку одлична соработка и ситуации во кои можевме подобро, -истакна тренерот Симоне Инѕаги кој не беше задоволен од некои судиски одлуки.

-Момчињата беа малку нервозни и не сакав ништо друго да се случи. Судиите можат да грешат како вечерва или како во финалето на Суперкупот, но ние мора да имаме најголема смиреност. Не сакав да протестираат, видов како се нервозни по инцидентот со Фратеси на крајот и сакав да останат смирени, бидејќи како и ние, судиите можат да прават грешки, -порача предводникот на италијанскипт шампион.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни