Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги по ремито на Интер: Разочаран сум бидејќи не му дозволивме ништо на противникот

Објавено

на

Интер во финишот испушти два бода на дербито со Јувентус, а тренерот Симоне Инѕаги смета дека неговиот тим целосно го контролирал натпреварот и можел да остане без победата само преку ситуација каква што е само пенал.

Дибала реализираше во 89. минута за конечни 1:1, а Инѕаги вели дека резултатот не е реален.

– Резултатот е разочарувачки, бидејќи имавме контрола над натпреварот, не му дозволивме на Јувентус ништо и не сум среќен што фрливме два бода во неповрат.

– Што се однесува до пеналот, судијата беше блиску, требаше сам да го види тоа, а не да добива сугестија од ВАР собата. Мојата реакција која ми донесе црвен картон не беше добра реклама за Серија А, но тешко можете да се контролирате во таква ситуација.

– Не се сложувам дека сме играле подефанзивно, едноставно штедевме енергија бидејќи Јувентус е одличен во контрите и знаевме дека во секој момент на теренот може да се најдат играчи како Киеза и Дибала, – изјавил Инѕаги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни