Лига на шампиони
Инѕаги по првиот пораз на Интер во ЛШ: Не бевме доволно добри, не го покажавме…
Интер го претрпе првиот пораз во групната фаза на Лигата на шампионите и тоа на гостувањето во Германија кај Баер Леверкузен.
Калчолигашот беше на добар пат да не прими гол и на шести меч во низа во елитното натпреварување, но по една мешаница во 90 минута домаќините преку Мукуеле стрелаа за славје од 1-0.
-Јасно е дека ова не беше еден од нашите најдобри натпревари, тоа е очигледно. Се соочивме против квалитетен противник, тие ја погодија гредата во првите 15 минути и потоа ја презедоа контролата врз играта. Можеби тие го контролираа премногу и можевме да бидеме малку похрабри. Ни недостигаше квалитет во последната третина, што обично е една од нашите силни страни. Разочарувачки е вака да се изгуби, бидејќи го загубиме нашиот непобедлив рекорд, но тоа не го нарушува она што го направивме во последните четири месеци.
-Веројатно и по утрешните резултати ќе бидеме меѓу осумте најдобри, а потоа нашата судбина е во наши раце со преостанатите два натпревари. Жалиме што примивме гол на тој начин. Се согласувам дека не направивме доволно, иако исто така не ризикувавме многу во одбраната. Кога почнавме да ја движиме топката во првото полувреме, имавме чувство дека се мачат со нас во посед. Не го покажавме вообичаениот квалитет оваа вечер, -истакна тренерот Симоне Инѕаги.
-Со позитивен резултат ќе го држевме Баер Леверкузен зад нас, но тие вечерва докажаа дека заслужуваат да бидат во топ тимовите. Сега треба да видиме што ќе се случи, но ќе размислуваме за тоа од јануари, бидејќи претходно ги имаме Серија А, Купот на Италија и Суперкупот на Италија. Играчите знаат дека тоа не беше нивната најдобра претстава, но ние ги почитуваме нашите противници,-заврши предводникот на италијанскиот шампион.
-
Италија22 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства19 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Италија17 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија22 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија21 час
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Македонија20 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Англија19 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Балкан19 часа
Барди „раскинал“ со Трабзонспор, може да се врати во Шпанија