Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги откри што направил во соблекувалната по победата на „Диего Марадона“

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Интер извонредно добро се адаптираше на условите на „Диего Армандо Марадона“ и реши да му нанесе штета на Наполи преку контра-напади, а ова се покажа како најдобра тактика за гостите од Милано.

„Нераѕурите“ беа немилосрдени пред голот на домаќините и три пати успеаја да го совладаат Мерет, но од друга страна беа извонредни во одбрана и успеаја да се одбранат од налетите на Наполи.

Токму тоа го израдува тренерот Симоне Инѕаги, кој по новиот дерби триумф откри што направил во соблекувалната.

– Мислам дека го одигравме компактно цел меч, постигнавме гол и во првиот дел и истиот беше поништен поради мал офсајд на Тирам. Нормално е да биде тешко, Наполи е италијански шампион, ризикувавме со гредата на Политано и одбраните на Зомер, но сите момци заслужија пофалба за одиграното.

– По крајот на мечот, на сите им честитав индивидуално во соблекувалната, еден по еден. Ова беше наш петти меч на гостински терен на последните шест меча, имавме тежок меч во Лигата на шампионите и успеавме да победиме во Неапол. Долг е патот, ова е само 14-то коло и има уште многу за игра, – изјави Инѕаги.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни