Италија
Инѕаги откри дека има само една дилема за стартниот тим пред големото дерби со Јуве
Симоне Инѕаги во добра атмосфера го пречекува дербито против Јувентус поради серијата од пет победи во низа, но лоша вест за тренерот е тоа што нема да може да смета на својот клучен играч за врска.
Хакан Чалханоглу заработи повреда и нема да може да настапи на утрешното големо италијанско дерби кое ќе се одигра во Милано, па главна задача за Симоне ќе биде да го погоди системот, но и замената за турскиот репрезентативец.
– Сите знаете какво значење има Чалханоглу за нас, тој е играч од светска класа. Негова природна замена во нашиот тим е Аслани, тој носи гаранција на тоа место во средниот ред. Аслани е играч кој многу напредна во последно време, но има таква фудбалска несреќа што пред себе го има Хакан. Имаше проблем пред мечот со Рома, но тренираше добро во последно време и ќе треба да донесеме одлука пред мечот.
– Тој не е единствената наша опција, на местото на Чалханоглу може добро да одговорат и Барела и Зиелински. Ќе размислам добро до почетокот на утрешниот натпревар, тоа е мојата најголема дилема, – откри Инѕаги.
Дерби пресметката се игра утре во терминот од 18:00 часот, а за разлика од позитивната серија на Интер, Јувентус пристигнува на дербито по првиот пораз кој го претрпе во сезоната.
-
Италија19 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија18 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет23 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП17 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија16 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет21 час
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
ВТА20 часа
Историска победа: Швјонтек ја остави Анисимова на „нула“ и ја освои првата титула на Вимблдон
-
Шпанија16 часа
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)