Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги: Ни се случи нешто што не го паметам три години

Објавено

на

Foto:x.com/Inter

Симоне Инѕаги имаше можност да постави уникатен рекорд и да стане првиот тренер во историјата кој победил седум пати во низа на „Дерби дела Мадонина“, но Милан не дозволи такво нешто со победата која ја оствари вчера на „Џузепе Меаца“.

„Росонерите“ славеа со 1:2 и му го нанесоа првиот пораз на шампионот од стартот на сезоната, неуспех за кој тренерот Инѕаги целосно ја презема одговорноста.

Во својата анализа по мечот, Симоне изјави дека Милан целосно ја заслужил победата, бидејќи на моменти не можел да си го препознае својот тим кој значително им ја олеснил работата на градските ривали.

– Секако дека Милан е добар тим и навистина се подготвувавме за нив. Тие беа подобри од нас и заслужено победија, мора да се признае тоа. Имавме лош пристап на стартот на двете полувремиња и не изгледавме како тим. Тоа посебно ме изненади, за нас тоа е вистинска реткост.

– Се обидов да коригирам неколку работи со промени, но не бевме солидни и го немавме вистинскиот пристап на теренот. Клучно беше што не работевме доволно добро како тим, а тоа не паметам да ни се случило во изминативе три години, – изјави Инѕаги.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни