Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги: Немам проблеми со Консеисао

Објавено

на

Foto:x.com/Inter_en

Финалето во италијанскиот Суперкуп носи завршната пресметка меѓу големите ривали од Милано, но овој натпревар сега е уште поинтересен поради тоа што на клупата има двајца тренери кои во минатото беа соиграчи.

Последната пресметка меѓу Симоне Инѕаги и Сержо Консеисао заврши со голема мешаница на теренот по осминафинелето меѓу Интер и Порто пред две години, а во најавата за новиот дуел кој ќе го имаат во Ријад, тренерот на Интер порача дека нема никакви проблеми со некогашниот соиграч од Лацио.

– Немам зборувано со Консеисао од тој натпревар со Порто, но јас сметам дека не се случи ништо сериозно. Немам проблеми со него, долги години ја делевме соблекувалната и имавме извонреден ментор во Свен Геран Ериксон. Тој е човекот кој направи многу играчи од нашата генерација да станат тренери.

– Консеисао сега е во Милан и рано е да се извлекуваат заклучоци. Го водеше тимот само на еден меч, но јасно е дека тој е тренер кој носи голема организација во една средина. Изгледаше дека Јувентус го има полуфиналето под контрола, а потоа Милан одговори и направи пресврт.

– Дербито против Милан секогаш е специјален натпревар. Ова е шанса за прв трофеј во сезоната и ќе направиме се за да го оствариме тоа. Ќе мора добро да ја менаџираме топката кога ќе ја имаме во свои нозе и се надевам дека ќе гледаме натпревар во кој ќе уживаат и фановите, – изјави Инѕаги.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни