Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги нема да ги следи стапките на Пиоли и Спалети: Интер е блиску до целта…

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Екипата на Интер остана без посакуваниот резултат во дуелот со Калјари, односно мораше да се задоволи само со реми (2-2) иако двапати водеше на соочувањето на „Џузепе Меаца“.

Интер двапати водеше, ама не победи на „Џузепе Меаца“ (ВИДЕО)

Тирам и Чалханоглу носеа водство за домаќините, ама гостите имаа одговор и останаа непоразени во Милано. Интер останува во пол позиција за Скудетото и истото може официјално да го обезбеди со славје во дербито со Милан, но во исто време „нероаѕурите“ останаа без можност да го соборат рекордот на Јувентус по освоени бодови во една кампања.

-Обично не зборувам со момците по последниот судиски свиреж, но знаевме дека Каљари е во добра форма, тие никогаш не попуштија и нивните контра напади ни правеа проблеми. Двапати водевме, ова е разочарувачки, бидејќи сакавме победа пред нашите навивачи. Знаеме дека сме многу блиску до голема цел, но сепак ни недостасуваат оние бодови кои можат да ја направат математички сигурна. Требаше да работиме подобро како тим и да ги затвориме просторите при првиот гол, додека вториот беше рикошет, потоа за малку ќе примивме гол во контранапад по наш корнер.

-Ние обично работиме подобро на противнападите на противниците, но Калјари заслужува заслуга за движењето на нивните напаѓачи да се вратат и потоа да истрчаат во празен простор, -рече тренерот Симоне Инѕаги.

-Тоа што не разочара е што не победивме. Секогаш сакаме да го постигнеме максимумот за овие навивачи. Знаеме кој е нашиот пат, нема смисла да негираме дека сме блиску до целта, но има уште шест натпревари и треба да останеме фокусирани, -додаде Инѕаги кој засега не планира да стави тетоважа за титулата како Стефано Пиоли и Лучијано Спалети кои ги одбележаа последните титули на Милан и Наполи.

-Не сакам тетоважи. Ќе видиме, -заклучи Симоне.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни