Италија
Инѕаги не вклучи едно летно засилување во списокот на Интер за настап во ЛШ
Симоне Инѕаги го комплетирал списокот со фудбалери кои ќе бидат пријавени за настап во главната фаза на Лигата на шампионите, а меѓу нив немаше место за последното летно засилување на италијанскиот шампион.
Тренерот решил да не го вклучи Томас Паласиос меѓу играчите со можност да играат во елитното европско натпреварување, а очекувано извиси и неговиот сонародник Хоакин Кореја, на кого Интер одамна му порача дека не е дел од проектот и треба да си најде нов клуб.
Она што е интересно е дека Интер го вметнал на списокот канадскиот репрезентативец Тејџон Буканан, кој заработи посериозна повреда и нема да се врати на терените пред декември.
Очигледно Инѕаги очекува Буканан да може да помогне во завршните натпревари од главната фаза, а такво нешто се очекува и од Тареми и Зјелински, кои пристигнаа во Интер летово.
Интер ќе ја започне европската сезона на 18. септември со тешко гостување кај Манчестер Сити.
-
АТПпред 21 час
Тениски срам: Пред неколку години беше во топ 20, сега загуби меч за 37 минути во сомнителни услови (Видео)
-
Светпред 24 часа
Ривалдо бара да се вратат двајца ветерани во бразилската репрезентација: Тоа се големи имиња…
-
Лига на шампионипред 6 часа
Суперкомпјутерот на „ОПТА“ ги одреди фаворитите за триумф во Лигата на шампионите
-
Светпред 19 часа
Родри: Ќе биде неправедно за Чави и Иниеста, но јас веќе се чувствувам како победник на „Златната топка“
-
Мото ГПпред 18 часа
Роси никогаш нема да му прости на Маркез: Никој во историјата не бил валкан како него!
-
Шпанијапред 7 часа
Карвахал понуди едноставно решение за својата иднина, на потег е Перез
-
АТПпред 17 часа
Ѓоковиќ детално објасни зошто олимпиското злато е повредно од сите освоени 24 грен слем титули
-
Англијапред 17 часа
Капело стравува за летното засилување на Јунајтед: Тој се уште мисли дека е во Италија……