Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Инѕаги не ја менува победничката формација, Леао се враќа кај Милан (ФОТО)

Објавено

на

Милано е центарот на фудбалска европа оваа вечер, а причината за тоа е реванш средбата меѓу Интер и Милан во Лигата на шампионите.

Ова е дуел кој ќе го даде патникот во финалето во Истанбул, средба на која домаќините започнуваат со голема позитива од 2-0. Интер оваа предност ја оствари минатата седмица, па тренерот Симоне Инѕаги се реши ништо да менува кога е во прашање почетната постава, па на теренот ќе истрчаат Онана, Бастони, Ачерби, Дармијан, Димарко, Дамфрис, Барела, Михтарјан, Чалханоглу, Џеко и Мартинез.

Најголемата, најзначајната вест кога се работи за „росонерите“ е враќањето на Рафаел Леао кој ги надмина проблемите со повредата и е во стартните единаесет заедно со Мањан, Калабрија, Тиао, Томори, Ернандез, Месијас, Тонали, Круниќ, Жиру и Дијаз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни