Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги: Наполи е првиот врвен тим кој го победивме

Објавено

на

Тимот на Интер минатиов викенд се избори за трите бода во дерби пресметката против Наполи во Серија А (3-2), победа која според тренерот Симоне Инѕаги може да биде од клучно значање и многу да придонесе за преостанатиот дел од оваа кампања.

Пред „нероаѕурите“ е дуелот против Шахтјор Доњецк во ЛШ и со победа може да обезбеди место во нокаут фазата секако во зависност од резултатот од втората пресметка во групата меѓу Шериф Тираспол и Реал Мадрид.

-Мислам дека одигравме добро во неделата против Наполи, тимот кој ја има најдобрата одбрана во Европа. Мислам дека овој триумф ќе ни ја подигне самодовербата бидејќи досега не сме победиле тим со врвен квалитет. Ова беше вистински тест за зрелост и карактер за нашите момци, -рече Инѕаги и додаде:

-Шахтјор е одличен тим, со одличен тренер. Знаеме дека се е во наши раце по двете победи над Шериф. Добро ги познавам, често водев тимови против нив. Што се однесува до Един Џеко, тој не е сто проценти подготвен, но ќе видиме што ќе се случи, бидејќи ова е решавачки натпревар, заклучи тренерот на актуелниот италијански шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни