Италија
Инѕаги ќе се бори за трофеј на стартот на 2025. година: Целите се исти како оние пред три ипол години
Интер ги доби последните три изданија на Суперкупот, а тимот на Симоне Инѕаги влегува како голем фаворит за повторување на таков успех и пред мини-турнирот кој ќе се игра во Ријад.
Саудиска Арабија повторно е домаќин на полуфиналињата и финалето на Суперкупот, со тоа што програмата ќе стартува утре со големо дерби меѓу Интер и Аталанта.
Инѕаги се навикна да го подигнува овој трофеј во последните три години, па иако знае дека ќе биде тешко, се надева дека тоа ќе го повтори по четврти пат во низа.
– Целите во 2025-та година се истите оние од денот кога дојдов пред три и пол години. Целта е да го претставуваме Интер на најдобар можен начин и да се стремиме да го дадеме максимумот. Во моментов се обидуваме да победиме на што е можно повеќе натпревари, да освоиме што е можно повеќе трофеи за фановите. Најблиску ни е трофејот за кој ќе се бориме на стартот на годината, Суперкупот има големо значење за нас.
– Ќе се соочиме со тим кој игра во извонредна форма, како во домашното првенство, така и во Лигата на шампиони. Аталанта ги доживеа најголемите успеси во последно време, но игра врвен фудбал со години. Ќе биде многу тешко да играме против нив, но ќе се обидеме да го прикажеме Интер во најдобро светло, – изјави Инѕаги.
-
Светски првенства23 часа
Лазаров: Мора да поработиме на еден сегмент пред натпреварот со Австрија
-
Светски првенства22 часа
ИХФ ги промени сатниците: Македонија двапати ќе игра во непопуларен термин
-
Светски првенства23 часа
Реакција на РФМ по случувањата во Вараждин: Дојдовме во мир, а дочекавме грубо да претресуваат жени и деца!
-
Репрезентација12 часа
Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров
-
Свет12 часа
(Не)очекувана одлука: Нејмар го избрал клубот во кој ќе ја продолжи кариерата
-
Шпанија24 часа
Официјално: Династијата „Флорентино Перез“ доби седмо продолжение во Реал Мадрид (Фото)
-
Англија10 часа
Фернандеш директен: Не сум тука за да губам натпревари и да бидам…
-
Шпанија8 часа
Голем предизвик за Димитриевски и Валенсија во четвртфиналето во Купот на Шпанија