Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги ќе го моли незадоволниот Перишиќ: Сакам да остане овде

Објавено

на

Стратегот на Интер, Симоне Инѕаги истакна дека негов план е да успее да го убеди Иван Перишиќ да остане во клубот и по крајот на оваа сезона.

Перишиќ го изрази своето незадоволство веднаш по победата над Јувентус во финалето од Купот на Италија кога отворено ја критикуваше управата која се уште не го решила играчот кој останува без договор по крајот на сезоната.

– Сакам Иван Перишиќ да остане со нас, ќе има нова средба со неговите агенти и се надевам дека наскоро ќе биде постигнат договор, -изјави Инѕаги.

За Перишиќ во моментов постои сериозен интерес од три клуба, меѓу кои се и Јувентус и Тотенхем кои нема да жалат пари за платата на хрватскиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни